На петгодишнината од почетокот на Шарената револуција, која започна со намера да бутне од власт режим, со Македонија владее нарко картел, а Заев и Маричиќ ги изманипулираа сите, фарбаа и кршеа институции за да крадат и да прават криминал, пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Таканаречената Шарена револуција резултираше со:
- Македонија – Колумбија на Балканот, каде полесно се стигнува до дрога, отколку до тест или вакцина за КОВИД 19;
- Издавање на пасоши на светски криминалци, нарко босови, и терористи;
- Продадена историја и идентитет;
- Обид за провизии од вакцини;
- 5 во свет по невакцинирани и 5 во свет по број на умрени од КОВИД 19;
- 111 место на листата за перцепција на корупција на Транспаренси Интернешнл;
- Половина милијарда евра криминал во случаите „Еуростандард банка“ и ШИК ЈЕЛАК;
- Вработување на роднините и пријателите во државни институции на сметка на системот на меритократија;
- Тендери за сопружници и партнери на министри во влада од државни институции како партнерот на Мила Царовска од град Скопје;
- Рекет на милиони, за кој врвот на власта остана нечепнат. За кој Бојан Јовановски кажа дека парите од истиот завршиле кај Зоран и Вице Заеви.
Се што постигнаа со шарената револуција е места во влада за Царовска, Маричиќ и Забрчанец, а сиромаштија за народот и резил за државата, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.