Како што ветив во Струга, Ве известувам дека формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура, пишува на Фејсбук кандидатката на ВМРО – ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска.
Од утре сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, на локации низ цела Македонија ќе може да ги дадете вашите потписи. Време е без разлика на партиската, етничката, половата, старосната структура да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала. Во текот на денот дополнително ќе бидете информирани за точните локации, процедури и потребни документи, додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.