Обвинетите во случајот „Нереди пред Општина Центар“ пред денешната завршница на судскиот очекуваат ист аршим и ослободителна пресуда, бидејќи низ досегашните рочишта ниту сведок ниту материјален доказ на обвинителството не докажа никаква нивна вина.

Напротив, се видело дека ниту тие биле организатори ниту пак партијата ВМРО-ДПМНЕ стоела зад протестите, туку дека луѓето излегле самоиницијативно и по повик на владиката Агатангел.

Како што судот имаше ослободителни пресуди за случаите како демолирање на канцеларија на претседател на држава, напад на полицаец пред влада, кршење на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, нередите пред Собранието, така и за денешниот случај обвинетите очекуваат правично судење и ист начин на постапување на судот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.