Пратеникот Антонио Милошоски пренесува искуство од пацинет кој се обидува да закаже кардиолошки преглед во време на ковид-пандемија.

Еве како се загрозуваат другите пациенти: Нема термини! Исто е и за другите оддели. Најголемо злосторство правите, дали сте малку свесни? Носат маски, пуштете ги веќе термините за да може да се лекуваат хронично болните, оти многу луѓе умираат од нелекување од други болести, многу болни кои немаат врска со ковид, пишува пацинетот.

Јавноста веќе долго време апелира дека здравството е целосно фокусирано само на лекување на заболените од коронавирус, додека термини за останатите нема. Речиси невозможно е да се добие болнички кревет за лицата со други посериозни болести и проблеми. Се одложуваат операции, со часови се чека за терапија за хронично болни. Резултати од тест, пак, со денови, а без негативен тест пациент не може да биде примен во повеќето болници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.