Премиерот Заев им нареди на функционерите за кои Антикорупциска утврди непотизам при вработувањето на нивните роднини, сами да се повлечат од функциите и да преземат политичка одговорност, зошто тој не може да ги разреши до завршувањето на изборите. Бара и нивните роднини веднаш да си дадат отказ од работните места во државните компании.
Давам наредба како претседател на Влада до владините институции на лицата што се вработени на тој начин веднаш да им се прекинат работните односи и да се повлечат назад и барам професионална и политичка одговорност од сите нив. Не можеме да разрешиме до 5 мај, законска забрана има. Затоа барам професионална и политичка одговорност – порача Заев.
Но, освен гернералниот секретар Кирацовски кој денеска објави дека неговата сестра и баба се повлекуваат од работните места, молк од останатите функционери. Антикорупциска вчера објави дека токму Кирацовски е на врвот на листата по случаи на непотизам.
Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја како нивна лична одлука – напиша Кирацовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.