Матичен доктор препишува рецепти за лекови на негови пациенти, кои на пример, подолго време не се јавиле кај него на преглед. Препишува рецепти за поскапи лекови и самиот или некој друг во име на пациентот на кој му се „препишани“ ги зема овие лекови во аптека. Потоа лекарствата се препородаваат во земјава или во странство. Ова е шемата која ја објави „Фактор“ по која практично се злоупотребувал Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) којшто ја плаќа партиципацијата за издадените лекови на рецепт. Фактор ја открива шемата по која се правеле злоупотребите на рецептите со лекови.

Најчесто се препишувале поскапи лекови, за кои на пример Фондот плаќа и по 30.000 денари. Потоа овие лекови завршуваат на друго место, не кај пациентот на кој му биле „препишани“, а и самиот не бил свесен за тоа.

Целиот текст прочитајте го тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.