Новинарот од 1TВ, Кирил Ефремовски, откри шокантни информации дека директорот на една од главните институции кои гонат финансиски криминал во земјава бил фатен во недозволени активности и отстранет од работното место додека работел како амбасадор.
Според Ефремовски, Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање и член на владиниот оперативен тим за борба против корупцијата е избркан од Француската амбасада во Белград заради корупција.
Не дека ‘оперативен тим’ е ОК, ама до толку да се немало чуство и одговорност… Еве не знам како може Блажо, кој е избркан од странска амбасада заради корупција, кој се спомнува од Тредичи во снимките до Камчев „дека ќе среди” да е директор и дел од тим против корупција?!”, пишува Ефремовски.
Не дека ‘оперативен тим’ е ОК, ама до толку да се немало чуство и одговорност… #ЕвеНезнам како може Блажо кој е избркан од странска амбасада заради КОРУПЦИЈА, кој се спомнува од Тредичи во снимките до Камчев “дека ќе среди” да е директор и дел од тим против корупција?! pic.twitter.com/FtplroQvjI
— Kiril Efremovski (@kefremovski) August 18, 2019
Трендафилов е од Струмица, а важи за дел од внатрешниот круг на премиерот Заев во кој се уште само неколку луѓе.
Лани Нетпрес откри дека постојат неколку сомнителни факти во однос на неговото образование поради што било побарано МВР да утврди дали Трендафилов лажел кога аплицирал за работа во Управата и за функцијата.
Интересно е што во биографијата навел различни факти кога конкурирал за работа во Управата во 2008 година со тие кога лани конкурирал за раководното место. Според документите од биографијата на Трендафилов, тој завршил две средни училишта, три факултети, работел во циркус, снимал филмови и бил агент на „Кока-Кола“ во Германија и се тоа додека студирал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.