Сомнежите дека Иванов е заплашен и уценет и дека ќе ги остави на цедило сите луѓе кои се под политички прогон, денес на последниот работен ден од неговиот мандат, веќе е јасно дека се покажаа вистинити.

Револтирани граѓани коментираат дека Иванов на некој начин поради својот страв и немањето храброст излезе предавник.

Најчесто претседателите имаат малку можности да се истакнат и да бидат фактор кој придонесува и остава историски белег, заради малкуте и ограничените ингеренции во уставот. Но, Иванов имаше шанса да направи историски пресврт.

Не излезе јунак па да потпре грб и да ги амнестира пратениците, со што ќе го уништеше проектот Преспански договор.

Договорот на владата на Заев со Бугарија, со кој прифативме дека историјата ни е бугарска, а дека Македонците всушност потекнуваат од Бугарите и со кој ќе се менува историјата и учебниците, не што не го одмолче туку во говорот на 2 август 2017 во Скопје срамежливо, но мошне јасно и недвосмислено го поддржа, стои во реакцијата на група граѓани испратена до нашата редакција.

Нова власт, нова политика. Тоа е девизата на плашливите луѓе без храброст.

Законите со новото име не ги потпишува, ама плата си зема од Министерството за финасии на Македонија, а и барањето за канцеларија, возачи, вработени, коли и слично сигурно не е до СОЗР на РМ, туку на Македонија. Идните плати и привилегии пак од Северна.

Последна шанса колку-толку со исправена глава да замине му беше ослободувањето на прогонетите од хунтата на Заев. Калкулираше, молчеше, бегаше и на крајот пак се исплаши и не потпиша.

Велат, се спогодил за себе. Да не го гонат него. Еден ден ќе дознаеме за што требало да го гонат и што има сторено за така да се плаши за да направи вакви чекори.

Лош крај, господине Иванов. Многу лош крај. Како ли ќе спиете мирно со овој багаж, со оваа вина, со овој грев?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.