Министерството за образование и наука разгледува неколку можни сценарија за почеток на новата учебна година. Спроед епидемиолозите, извесно е дека Комисијата за заразни болести ќе предложи учебната година да започне со физичко присуство, но со редуциран број ученици во исто време во училница.
На социјалните мрежи родителите даваат и свои идеи како најдобро децата да бидат заштитени, но и физички присутни во училницата.
Во Министерството за образование и наука засега нема прецизен план, иако се размислува за повеќе опции.
Можно е да бидат скратени наставните програми и наместо 180 дена во годината, работни да бидат 100, а зимскиот распуст, кога се во ек вирусите и настинките, да трае три месеци, наместо три недели како што беше досега. За сево ова, сѐ уште нема конечна одлука.
Многу е извесно дека наставата ќе се одвива комбинирано – со физичко присуство и остатокот на интернет, а друга опција е целосно функционирање со физичко присуство на часовите.
Третата опција е наставата целосно да биде онлајн. Во однос на одлуката, здравствените и образовните власти треба да се внимателни со оглед на тоа дека здравјето е тоа што треба да биде приоритет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.