Како израз на солидарноста со граѓаните на Албанија, и во знак на поддршка и духовна поткрепа на жителите на градовите и другите населени места што настрадаа од земјотресот на 26 ноември, заедно со премиерот на Албанија и другите лидери присутни на состанокот во Тирана, утринава го посетивме Драч, објави премиерот во заминување Зоран Заев на неговиот профил на „Фејсбук“.

Се сретнавме со дел од семејствата што сега ги обновуваат своите домови од трагичната катастрофа, и ја потврдивме нашата подготвеност да продолжиме со натамошната поддршка и помош во периодот на закрепнување од последиците од земјотресот. Со посетата на Драч ја најавивме нашата заедничка соработка и во справувањето со природни катастрофи и вонредни состојби која ќе биде вклучена во документот за поинтензивна интеграција на регионот што ќе биде усвоен денеска во Тирана, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.