Пиунот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски и должи одговори на јавноста како ја стекнал докторската титула на универзитетот во Подгорица Црна Гора, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како е возможно лице кое е вршител на раководна функција во компанија во Македонија во исто време да се стекне со докторска титула во Црна гора, ако се има предвид дека за докторски студии потребно е докторантот да престојува во земјата каде се наоѓа Универзитетот, да врши истражувања и друг вид активности? Дали докторатот во Црна Гора има врска со тоа што татко му на пиунот Ковачевски баш во тој период бил македонски амбасадор во Црна Гора? Но она кое што е клучно, дали тој воопшто докторирал на универзитетот во Подгорица? Медиумите информираа дека во дата базата на факултетот на кој докторирал Ковачевски, воопшто не постои негова докторска студија, што отвора многу нови сомнежи – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму истакнуваат дека Ковачевски со денови го нема за да одговори на овие прашања.
Да потсетиме дека во лага беа фатени пропагандистите од власта кои тврдеа дека Ковачевски е студент на Харвард, па излезе дека посетувал неколку дневен скап курс. Да не испадне и со докторатот некоја манипулација? Тоа е особеност на заевизмот, чиј послушник е токму Ковачевски.
Пиунот Ковачевски освен што Заев го шета за рака и го преставува, освен што понизно му се поклонува на својот ментор, има обврска и да дава одговори и отчет пред јавноста. Но за жал тој одбра да молчи, исто како што молчеше за погубните политики на Заев, како што молчеше за погрешните потези кои доведоа до економска, енергетска и здравствена криза.
Затоа Заевизмот кој е причината за кризите и Ковачевски како верен продолжувач на заевизмот мора да биде поразен на избори. Само така Македонија може да се надева на напредок – велат од ВМРо-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.