Струмица веќе десетина дена е најзагаден град во Македонија, а измерените вредности на ПМ10 честичките неколкупати стигнаа до бројката од над 600 микрограми. Струмица и лани се гушеше, иако во повеќето градови во тој регион се дише нормално, посебно Штип, кој го има најчистиот воздух во земјата.
Општина Струмица лани излезе со нивни анализи, според кои најголем дел загадувањето на воздухот во зимскиот период, произлегува од домаќинствата и одредени големи потрошувачи кои употребуваат несоодветни фосилни горива (иверица, стар намештај, моторни масла, прехрамбено масло, пластика, гуми и други несоодветни горива) за загревање на просторните капацитети.
Она што е вредно да се напомене, е што Стурмица е гасифицирана.
Во неделата вечер, 8 декември, во редакцијата на „Лидер“ читател испрати видео од чадот што во вечерните часови го испушта фабриката „Еленица“, фирма на семејството Заеви, поточно на Трајче Заев, братучед на премиерот во заминување.
Ова, пак, се измерените вредности од таа вечер за загадувањето во Струмица.
Градот и ова утро е алармантно загаден, како што покажуваат последните измерени вредности во 10 часот.
Во овој случај, намерно се земени мерењата од мерната станица Мара Минанова, во чиј реон е и фирмата „Еленица“, во која се произведуваат тули и производи од глина, а подолу може да се видат и резултатите од секој час во изминатите 24 часа. Според нив, загадувањето кулминира во 16 и 14 часот, многу пред тоа да може да им се препише на домаќинствата.
Имено, како што лани објасни струмичкиот градоначалник Коста Јаневски „овие појави циклично се појавуваат во одредени периоди на денот, кои се показател и доказ дека навистина огревните елементи во нашите домови се главна причина за загадувањето, значи укажуваат дека во одреден период од денот, најчесто во почетокот на попладневните часови, па до раните утрински часови драматично се покачуваат вредностите, меѓутоа во раните утрински часови од наредниот ден паѓаат под нормала“.
Ова на некој начин малку и ни дава едно спокојство дека немаме континуирано загадување во текот на неколку дена кое што држи некои високи концентрации, рече лани Јаневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.