Кога нема за што, фати се за лажна вест, парола под која Социјалдемократскиот сојуз се води и сега, во време на пандемијата со коронавирус, сè со цел да го прикрие хаосот во здравството и економијата.
Иако овојпат искористија стара снимка како нова вест, чекорите на „откривање на скандалот“ и почетокот на хајката се старите и добро познати. Прво одржаа прес-конференција за наводната вест, па ги организираа медиумите блиски до себе да ја разработат и рашират невистината која ја пласираат.
Тие објавија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски деновиве бил во теретана, па покажаа и стара фотографија.
Како и на сите претходни, така и на оваа лага нозете ѝ беа прекратки.
Мицкоски обелодени дека станува збор за стара фотографија, но тие не ја прифатија вистината бидејќи не им оди во корист.
Тужба за лажната вест најавија и од теретаната Синерџи фитнес и спа, од каде демантираа дека Мицкоски ги користел услугите на нивниот центар, иако е забранета работата на фитнес салите.
Денеска, пак, и МВР објави дека по спроведената истрага се покажа дека снимката која ја пласираа е стара околу шест месеци.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денес одржа прес-конференција на која побара извинување од СДСМ, партијата која ја нарече фалсификаторска.
За крај, многу едноставно можеше да се воочи од каде произлегува оваа конструкција на лажна вест, имајќи во предвид кој беше најгласен околу нејзе. Со објавените соопштенија и прес конференции, како и со луѓето кои ја ширеа оваа лажна вест преку интернет просторот, очигледно е кој е конструктор на овие лаги и лажни вести кои беа презентирани во медиумите. Како што лажат за ова, лажат за се друго. Затоа, денеска граѓаните видоа кој шири лажни вести, а тоа е штабот на фалсификаторската партија позади мене, партијата СДСМ фалсификаторска. Извинување и собирање на јавниот срам е најмалку што можат уште веднаш да направат во СДСМ фалсификаторска, но сепак тоа може да го направат луѓе кои имаат срам, а не луѓе во СДСМ кои што немаат срам, порача Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.