Денешното скандалозно донесување на Законот за јавно обвинителство ги врати сеќавањата за тоа како оваа владејачка гарнитура ги носеше сите важни закони во изминтите три години.
Мандатот на коалицијата на ДУИ и СДСМ започна со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Тој беше избран по завршувањето на регуларната седница а пратениците неговиот избор го поддржаа со кревање на рацете без точно да се утврди колкумина го дадоа гласот.
Второто понижување на Законодавниот дом се случи за време на гласањето за уставните промени за промена на името.И покрај јасниот став на граѓаните изразен на референдумот дека не прифаќаат промена на името, власта тргна во обезбедување на 80 пратеници најпрво за отварање на Уставот а потоа и за негово менување.
Иако немаше доволен број, потребното мнозинство се постигна со осумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои подоцна беа исфрлени од партијата. Еден од нив, Крсто Мукоски беше пуштен од домашен притвор за да гласа во Собранието.
Неколку месеци пак беше изгласан и Законот за амнестија со што од прогон беа ослободени пратениците за кои постапка водеше СЈО, како своевидна награда за гласањето за промена на името.
Згора на тоа, Договорот од Преспа, како и Законот за јазици излегоа во Службен весник без указ на тогашниот претседател Ѓорге Иванов и само со потпис на претседателот на Собранието Талат Џаафери.
Последното силување на Уставот и законите се случи со гласњето на Законот за јавно обивинителство кој беше изгласан истиот ден кога се распушташе Собранието. Иако првично законот не доби поддршка од 80 пратеници, Џафери спротивно од Деловникот го поништи глаањето и побара да се гласа уште еднаш бидејќи неколкумина пратеници не можеле да глааат, односно нивните гласови не биле евидентирани.
Згора на тоа измените на Законот за Совет на јавни обвинители се донесени без потребното бадинтерово мнозинство што е уште едно прекршување на Уставот од страна на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.