Премиерот Зоран Заев најави нов економски пакет, кој вклучува и декриминализација и легализација на марихуаната и туристичките места, во интервју за македонската редакција на „Дојче Веле“. Заев смета дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството.

Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив – вели Заев во интервјуто, додавајќи дека планот е да биде контролирано на сличен начин како во Амстердам.

Премиерот вели дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места – вели Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.