Откако претседателот Стево Пендаровски изјави дека се согласува со идејата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за регистрација на граѓани со диктислен отпечаток од прст, но се плаши дека тие нема да стигнат навреме, од Швајцарија доаѓа информација дека нема проблем ниту со цената на набавката ниту со рокот на испорака пред закажаниот попис во април. Станува збор за машини за регистрација на граѓани на пописот со кои преку дигитална евиденција на отпечатоци од прсти ќе се дојде до реалниот број на населението.
Македонскиот бизнисмен во Швајцарија Васко Белески со допис до емисијата „Заспиј ако можеш”, на ТВ Алфа открива дека 10 илјади машини за регистрација преку отпечаток од прст чинат околу 190 илјади евра што е минорна сума за пописот кој ќе чини над 5 милиони евра.
Бизнисменот кој истражувал како може да се дојде до овие апарати кои се лесни за управување вели дека тие се употребуваат во повеќе земји за изборни или пописни операции.
Апаратите таботат со поврзување на оперативните програми Виндоус на компјутери и Андроид за мобилни телефони.
Набавката на машините нема да биде проблематична затоа што постојат повеќе фирми кои што за краток рок можат да достават доволен број за македонските потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.