Нема крај на скандалите со непотизмот во државните институции.

Економски Лидер“ открива дека Борче Поповски, татко на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, е вработен во ЕЛЕМ во Битола.

Пред да работи во ЕЛЕМ, дедото на Кирацовски беше таксист. Сега, Борче е вработен во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”, на позиција магационер. Иако се работи за човек во поодминати години, тој ја завзема оваа работна позиција, која е прилично „легачка”. За сега е вработен преку агенција за времени вработувања, но кај и да е ќе добие решение, вели изворот на порталот.

Минатиот месец беше објавено дека Мери Поповска, мајка на сопругата на Кирацовски е ново вработена во „Државниот Ученички Дом Мирка Гинова“ во Битола, а генералниот секретар на владејачката партија, жестоко се ангажирал за ова вработување, па дури во интернатот измислиле ново работно место кое досега не постоело.

Во јавноста се шпекулира дека токму Кирацовски е одговорен за партиските вработувања во СДСМ. Претходно медиумите открија дека фризерката на генералниот секретар на СДСМ е вработена во државната компанија МЕПСО за неверојтна плата од 43.900 денари иако не го поседува потребното образование и единствено има завршено курс за фризер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.