Порталот МКД.мк според сведоштва на лица објавува како течел рекетот на Бојан Јовановски, менаџерот на телевизијата „1ТВ“. На списокот на рекетирани имало триесетина бизнисмени. Јовановски, понекогаш заедно со Лазар Јанев, синот на специјалната обвинителка Катица Јанева, одел на состанок кај бизнисмени или нивни блиски или кај нивните бранители. Изборот главно бил кај бизнисмени чии имиња веќе се присутни во јавноста преку отворените истраги на СЈО. Имало и такви случаи кога се најавувале и нови истраги, со презентирање одредени деликатни податоци, информации, ситуации, снимки…
Разговорите оделе отприлика вака:
Б.Ј.: Добар ден. Како сте? Драго ми е што се запознавме. Ова е директорот на маркетинг на 1ТВ, Лазар Јанев, инаку син на Катица Јанева.
Бизнисмен: Добар ден. Благодарам, добро. Повелете.
Б.Ј.: Би сакале да ви ги презентираме можностите за рекламирање на нашата телевизија. Лазе ќе ви ги каже деталите.
Бизнисмен: Ама јас не сум заинтересиран за рекламирање. Сега сме во некоја транзиција, кратење на трошоците, па во некоја наредна прилика…
Б.Ј.: Ама вашето име се споменува во случајот…
Бизнисмен: Да, знам. Ама тука навистина има некое недоразбирање…
Б.Ј. врти на мобилен, го вклучува спикерфонот и: Здраво Катице. Како си? Еве тука сум кај…, па си мислев дека може да му помогнеме, нели.
Следувал потврден одговор од другата страна на линијата и разговорот се прекинувал.
Б.Ј.: Можеме да ви спремиме одреден проект за рекламирање на нашата телевизија. Да биде видлива пораката и тоа ќе чини…. (тука разни се информациите – од 500 илјади до два милиони евра за рекламирање).
Б.Ј.: Дел од парите ќе одат на фактура, ама поголем дел ќе мора во кеш, знаете како е, ќе мора да се помогнат и другите…
Првичниот одговор на бизнисмените, во најголемиот број случаи бил негативен, но на наредните средби се појавувал и Зоран Милевски – Кичеец, кој бил поубедлив во презентирањето на наводните докази што се поседувале за компромитирање на бизнисменот, по што се преминувало на разговор за деталите на исплаќање на парите.
Целиот текст тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.