Нас никој не не прашуваше кога ВМРО-ДПМНЕ си распишуваше избори.
Ова го рече вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев откако лидерите не се договорија за датум за избори поради состојбата со короната.
Заев е убеден дека избори треба да има на 22 јуни и оти ВМРО-ДПМНЕ нема избор и единствено што може да бира е дали да учествува во изборната кампања или не.
Овие ставови на Заев се сосема спротивни од времето кога Заев беше лидер на опозицијата и кога на секаков начин се обидуваше да ги одложи изборите кои беа договорени според Договорот од Пржино.
Да се потсетиме како беше во 2016 година
Според тој договор, изборите требаше да бидат на 24 април 2016 година. Но како што се доближуваше датумот СДСМ велеше дека нема услови за избори и оти е неопходно да се прочисти Избирачкиот список. Говореа и за некакви „фантомски гласачи“ и за бројка од дури 300.000 сомнителни гласачи.
СДСМ, коалициските партнери од оваа борба нема да отстапат. Без прочистен избирачки список и без слободни медиуми нема фер и демократски избори-велеше тогаш опозиционерот Заев.
Под притисок на странците изборите беа одложени за петти јуни, но не се случија поради истите причини, иако и тогаш беа познати носителите на листите. Тогаш Заев велеше дека „нема да одат на избори бидејќи ќе победеле а Груевски и Ахмети немало да ги признаат“.
Нов термин за избори не се одреди и техничките министри на СДСМ ја напуштија владата.
До одредувањето на нов термин за изборите, а тоа беше 11 декември, СДСМ како услов да учествува бараше околу 100.000 граѓани да се стават на посебен избирачки список.
Тоа беа гласачи кои според тогашната опозиција беа спорни, а пак 30.000 граѓани беа привремено избришани од списокот.
Но, Избирачкиот список не беше едиственото барање на СДСМ да излезе на избори. Тие бараа и целосна контрола на медиумите па затоа беше формирано посебно тело од тројца членови кои контролираа како медиумите известуваат за изборите и дали опозицијата е доволно застапена.
Изборите конечно се одржаа на 11 декемви 20016 година на кои СДСМ загуби од ВМРО-ДПМНЕ со два пратеника разлика но сепак формираше Влада.
За овие избори, Заев нема никакви забелешки на Избирачкиот список, иако бројот на гласачи е речиси ист како на изборите во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.