Државниот пазарен инспекторат досега изрекол забрани за работа на 228 кафемати што биле во функциија кај бензински станици, тобакомаркети, колонијални продавници и а други места, како превентивна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Кафематите се запечатуваат и исклучуваат од напојување со струја.

Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат, денеска на прес-конференција појасни дека инспектороте ги затвораат превентивно кафематите  затоа што има опасност за ширење на заразата  поради  тоа што на на овие апарати се притискаат копчиња за да се добие производ, но и се забележани групирања на луѓе околу нив.

-Дел од сопствениците на апаратите се повикани, разговарано е со нив да не доставаат дополнително вода и кафе во тие апарати да не дојде до повторно користење, а онаму каде што постапуваат инспекторите со самото лепење на службен печат од страна на инспекторите лепењето на службен печат воедно го вршат и со исклучување од напојување на електрична енергија, рече Пауновски, дополнувајќи дека инспекторите проверуваат дали се отстрануваат налепниците кои се службен печат и оти тоа е казниво.

Пауновски дополни дека и сопствениците на затворените 154 угостителски објекти треба да пријават ако некој им го отстани службениот печат за забрана за работа за да не добијат покрај паричната казна и кривична пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.