Кафанџиите и без коронa ги умреа, ама важно вчера во Штип играа чочек и ора вртеа, се гушкаа со чела од пот оросени, па музика блех. Кој ќе плати за тој цех? прашува актерот и поранешен директор на Драмски театар Сашо Тасевски.
Денеска Комисијата за заразни болести соопшти дека ќе и препорача на Владата кафаните и кафулињата од 18 декември до 21 јануари да работат до 18 часот со цел да се спречи ширењето на ковид-19.
Кафанџииве и без корона ги умреа.
Ама важно вчера во Штип играа чочек и ора вртеа, за раце испотени фатени, се гушкаа со чела од пот оросени, па музика блех… Кој ќе плати за тој цех?
Каков пех!!! Едните слават ко генерали и полковници, другите покојници!
Кафеанџиите можат дочекот да го организираат како во кино Бамби. Од 10 сабајле до тачно у подне. После сите дома, напиша Тасевски на Фејсбук.
Кафанџииве и без корона ги умреа.
Ама важно вчера во Штип играа чочек и ора вртеа, за раце испотени фатени, се гушкаа со…Posted by Sasho Tasevski on Monday, 14 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.