Вработена во државната компанија МЕПСО, Павлина Котеска, инаку член на СДСМ етаблиран меѓу највисоките функционери на партијата, јавно реагира и бара заштита од партискиот врв за притисокот што го трпи од директорката Ева Шуклева, назначена од Зоран Заев.

Јавно ја повикувам владата на Р.С.М. да си превземат мерки со моќницата во МЕПСО, Ева Шуклева. Да престани да ни се заканува на вработените. Да ни прави притисоци. И закани на претседателот на Синдикатот во МЕПСО, Горан Стојановски. А и мене лично со докази. Во време на криза…. Дефинитивно ова друго кажува дека некој измеѓу нас не е наш. Ете добивме поздрав од шефицата на кабинет Милица дека сега Ева ќе лобирала по вработени ќе му нудела места и плати поголеми само да го растури Синдикатот. Значи овде е нешто нечисто за тоа некој сака да покрија гнасотилоци. Епа другари реагирајте. Во време на вондредна состојба да нудиш анекси договори за вработување мислам дека паднааја маските на ангелските лица…, пишува Котеска во јавна објава на „Фејсбук“.

На профилот на Котеска може да се види дека таа е активна и во контакт со многу функционери од СДСМ а за неа Заев е херој на нејзиното време.

Ева Шуклева заедно со новинарот Љупчо Зиков лани во јули на предлог на владата која ја водеше Заев беа избрани за директори на МЕПСО.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.