Доколку постојат услови, треба да се користи секоја можност за попишување во двор, на тераса, веранда, со задолжително носење на заштитна маска (КН95) и растојание од најмалку 1,5-2 метри.
Ова го содржи Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година, кој беше усвоен од Владата на 2 март, на предлог на Комисијата за заразни болести. Протоколот е утврден, но зголемувањето на бројот на случаите на новозаболени од Ковид-19 изминатите денови го отвори и прашањето дали предвидените мерки во него се доволни за заштита на граѓаните.
Дел од граѓаните стравуваат да ги пуштат попишувачите дома поради зголемениот број на заразени, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот за септември.
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вчера за Телма изјави дека попишувањето ќе се врши пред вратите или во дворовите на куќите и становите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.