Каде се потрошија парите од донациски сметки отворени од страна на Министерството за здравство за справување со КОВИД-19 пред шест месеци? По објавување на кои сметки се може да се донира, не објави министерството колку пари има потрошено и на што? Знаејќи дека здравствениот персонал секојдневно се бори со недостаток на опрема, и се приморани сами да си купуваат. Пред неколку дена излезе и информација дека доктор е приморан цел ден да носи иста маска, иако се знае дека во зависност од видот на маската во текот на работниот ден се менува неколку пати.

Министерството за здравство при крајот на месец март објави дека отвори наменски донациски сметки поради големиот интерес за донации. Донациите беа наменети за директна финансиска помош во парични донации за набавка на стоки, добра и услуги, кои се потребни заради заштита на населението од корона вирусот. Донациски сметки беа отворени за да се уплаќа во денари или пак во американски долари.

КОЛКУ ПАРИ ЛЕГНАА ВО ЏЕБОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО

Од Министерството за здравство во месец мај за некои медиуми одговорија дека околу два милиони евра се соберени, само околу 15 илјади евра биле донација од физички лица. Од нив се потрошени 184 илјади евра за потребите за изградба на монтажната болница.
Солидарен фонд министерство за здравство
Донирани парични средства – 2 милиони евра
Моментално на сметка – 1,8 милиони евра
Потрошени – 184 илјади евра
Донирана опрема – 950 илјади евра
Од Министерството за здравство тогаш одговориле дека солидарниот фонд набрзо ќе биде искористен за што јавноста ќе биде информирана. И тоа остана така до сега, не се знае каде парите се потрошија и за која намена.
Во другиот фонд каде парите се слеваат директно на трезорската сметка на Владата досега легнале 310 илјади евра – меѓу кои се пари на владините функционери.

Солидарен фонд на Влада

Донации од правни и физички лица – 310 илјади евра

Во однос на тоа каде ќе бидат искористени парите од Владата велат дека ќе бидат искористени за донесените мерки но без да се прецизира колку пари за која мерка. Ниту една институција не дава точни податоци кој функционер колку донирал и на која сметка.

ДОНАЦИИ ОД СЕКАДЕ, А ОПРЕМА НЕМА НИКАДЕ

Освен странски донации министерството за здравство доби голема помош и од домашните компании кои донираа во парични средства или преку опрема за здравствените лица.

Меѓу домашни компании кои донираа беше и Алкалоид која донираше 200.000 евра за министерството за здравство, а дополнително ги намали цените на 158 свои производи. Комерцијална банка обезбеди парична помош во износ од 100 илјади евра, и уште дополнителна заштитна опрема во вредност од 20 илјади евра. Тутунски Комбинат Прилеп за министерството издвои 100 илјади евра во опрема за здравство. Макпетрол донираше 3,2 милиони денари во соодветна медицинска опрема и хотелот во Маврово е даден на располагање на државата за државен карантин. Донацијата на ОКТА е од 50 илјади евра, како и Битолска млекара со донација финансиски средства за сервис и репарација на апаратите за респираторна нега, коишто се потребни за Инфективната клиника во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.