Владината коалиција функционира одлично. Партнерите во Коалицијата не се условуваат туку работат по принципот на заедничко разбирање и соработка. Тоа е новата политика која порталите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште имаат мака да ја разберат, велат за „Локално“ од Кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Реакцијата доаѓа откако вчера се појавија информации дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, коалицискиот партнер на СДСМ, упатил ултиматум до премиерот и лидер на СДСМ – или поддршка за неговите кандидати или предвремени парламентарни избори заедно со локалните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.