18.327.664 денари изнесува долгот на ЈП “Водовод” – Охрид за потрошена електрична енергија.

Од тоа, 2.913.571 денар се однесува на долг кон ЕВН, и за истиот, како што велат од претпријатието во одговорот на прашањето од ОХРИД 24, склучен е договор на рати ( рата : 2.748 577,00 денари – условна камата: 164 994,00 денари)  и истиот редовно се сервисира.

Поголемиот дел од долгот, односно 15.414.093 денари, е долг кон ЕДС и е направен за месеците август, септември, октомври 2021 година.

Од претпријатието додаваат дека заклучно со 31.12.2021 година од страна на ЈП ВОДОВОД Охрид се подмирени сите обврски спрема членовите на Надзорен и Управен Одбор.

Претходно во јавноста излезе информацијата дека претходниот директор на ова јавно претпријатие, Светозар Стефановиќ, земал поголема плата од градоначалникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.