Во моментов македонското и бугарското обвинителство добро соработуваат, македонските институции земаат биолошки материјал од роднините за ДНК анализи, а бугарските обвинители работат на истрагата, изјави за БТВ државниот обвинител Љубомир Јовески.
Јовески објасни дека при увидот на опожарениот автобус на автопатот Струма видел пластични туби кои не изгореле, така што смета дека тезата за тубите е шпекулација.
Тој рече дека македонското обвинителство ќе се активира дури откако случајот ќе биде истражен од бугарските обвинители, бидејќи тие нема да најдат ништо паралелно.
Засега не е познато дали причината за несреќата е човечка грешка или дефект на автобусот. Тој кажа дека автобусот бил речиси нов, само три години, а во октомври поминал на технички преглед во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.