Во Собранието попладнево на седница на Комисијата за политички систем почна јавната расправа за законот за јавно обвинителство. Расправата беше накратко прекината откако дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од галеријата истакнаа транспарент посветен на јавниот обвинител Јовески, кој во тој момент говореше на говорницата.
Господине Јовевски до кога ќе го криете писмото со кое притворената катица ви даде незаконска наредба (чл.60, закон за ЈО), пишуваше на транспарентот.
Претседателот на комисијата Александар Кирацоски бараше обезбедувањето да реагира и да ги отстрани пратениците.
На јавната расправа присуствуваат пратеници од сите пратенички групи, министерката за правда Рената Дескоска, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинители и професори од Правниот факултет и меѓународни претставници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.