Државниот јавен обвинител Јовески ја овласти обвинителката од СЈО Ленче Ристова да го застапува случајот „Талир 2“.

Судењето за „Талир2“ треба да започне утре откако претходното рочиште беше одложено поради отсуство на адвокатите на обвинетите. Во случајот „Талир 2“ обвинети се Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тоа што за правното лице ДГ Бетон АД Скопје важеле ограничувањата од Законот за финансирање на политички партии, сепак обвинетите договориле несразмерна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на обврските кои ги имало правното лице ДГ Бетон АД Скопје.

На ваков начин, а спротивно на законските прописи, обвинетите прибавиле значителна имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од 507.164.424,00 денари, односно 8.246.576 евра.

Утре продолжува и судењето за „Тарифа“ за злоупотреба на службената положба и овластувањето при јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“ во ЕЛЕМ. Овој предмет ќе продолжи да го застапува обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов кој и досега го водеше случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.