Психологот Јове Хаџиевски преку својот Фејсбук профил се извини за објавата на слика на премиерот Зоран Заев со деца со Даунов синдром над која напиша „Конечно во друштво со интелектуално рампноравни на себе“ и рече дека тоа било во „погрешен контекст“.
Мало објаснување:
Намерата не ми беше да ги омаловажувам децата со даунов синдром, туку да укажам на тоа како некој не бира ништо, па дури и децата со даунов синдром за да добие политички поени.
Јас сум работел со деца со даунов синдром и знам колку се тие емоционално топли и мили.
Но, во постот тие не беа цел, туку политичарот кој ги користи во свои себични политички цели.
Немам намера да се правдам … затоа и реков … намерата беше друга, очигледно контекстот што го одбрав беше погрешен.
ЈАС ЈАВНО СЕ ИЗВИНИВ!!!
Политичарот тоа нема да го направи!!! – напиша Хаџиевски.
Извинувањето на Хаџиевски дојде по осудата на неговиот статус на Фејсбук, со кој го навреди Зоран Заев, споредувајќи го со децата со даунов синдром.
За оваа навреда треба да ви се пушти пријава до МВР за говор на омраза – реагираа многу граѓани, откако по социјалните мрежи се рашири статусот на психологот Јове Хаџиевски.
Хаџиевски сакајќи да го навреди премиерот Заев, го спореди со олимпијците кои се лица со посебни потреби, коментирајќи дека „конечно е меѓу своите“.
Со свое соопштение на „Фејсбук“ се огласи и Комората на психолози.
Комората на психолози остро го осудува и се оградува од невредливи и дискриминирачки ставови објавени на приватен профил на Фејсбук од страна на член на Комората. Управниот одбор на Комората на психолози свика итна седница на која ќе се дискутира за овој настан и ќе се преземат соодветни мерки согласно Етичкиот кодекс на психолозите – се вели во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.