Почитувани мои прилепчани, веќе навлегуваме во последните денови од оваа кампања, остварив средба со неколку илјади сограѓани од сите целни групи и еден е заклучокот: ПОБЕДУВАМЕ!, порача кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески преку „Фејсбук“.

Победуваме и тоа убедливо. Пораките од стопанствениците, наставниците, социјалните, здравствени, културните работници, спортистите и невработените (а, излажани последните четири години) е : ДОСТА НÈ ЛАЖЕВТЕ!
Дури се случувало во една фамилија последниве неколку 10 дена да се ветуваат и по пет вработувања, заборавајќи дека во нив има и малолетни.
Можеби тоа го прават во паника, знаејќи ги резултатите од анкетите и од нивните посети по Вашите домови… ?!
За разлика од нив, моето ветување кон сите беше едноставно:
Прилеп ќе биде повторно одлично место за живеење, во кое стопанството ќе се развива нормално без притисоци, ДУП-овите ќе се носат без ,,притисок” од некои профитери, а мојата канцеларија нема да е само од тесен круг на луѓе, туку од сите ВАС!
Мојата победа ќе е и Ваша победа.
Продолжуваме до 17ти, а од 18ти од 10 часот почнуваме со работа, порача Јовчески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.