Kандидатот за градоначалник на општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Боре Јовчевски, зборуваше за сообраќајот во Прилеп, што е секојдневен проблем за граѓаните кој го засега сите што се вклучени во него, и како возачи, но и како пешаци или велосипедисти.

Мотивирани од Вашите предлози, а во соработка со професионалци на тоа поле, во нашата програма вклучивме неколку решенија на овој проблем со којшто сме сигурни дека сообраќајот ќе се растерети, а исто така ќе се зголеми и сигурноста на учесниците во сообраќајот.

Затоа, гордо ви ги претставувам проектите за изградба на кружни текови и тоа на локации кои во моментов претставуваат најголем проблем тоа се: кружен тек кај зграда Табана, кружен тек кај Тинекс, кај новата автобуска станица како и изработување на техничка документација за кружен тек кај Градска кафеана.

Изградбата на кружните текови, покрај што ќе го растерети сообраќајот, ќе го намали времето на чекање на граѓаните, но ќе придонесе и за почист воздух во градот и поздрава животна средина, спречувајќи ги возилата кои се во чекање на семафори – најави Јовчевски.

Освен изградбата на кружни текови, Јовлчевски најави и проект за комплетна реконструкција на влезовите во градот, затоа што Прилеп заслужува да има функцинонална инфраструктура.

Свесни сме дека правецот Крушево–Прилеп, како и влезот од Македонски Брод до Прилеп, изгледаат секако само не е европски, па затоа ќе ги реконструираме и тоа не само во патната инфраструктура туку и ќе направиме велосипедска и пешачка патека.

 

Со тоа граѓаните, а посебно велосипедистите, ќе имаат сигурна траса по која што ќе можат да возат и да го поминуваат времето градејќи здрави навики.

Заеднички, со вашата поддршка и нашиот несомнен вложен труд, ќе го направиме Прилеп град со којшто секој прилепчанец ќе се гордее.

За поубав Прилеп! Затоа што, вие, граѓаните, го заслужувате тоа! – порача Јовчевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.