Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Борче Јовчески, од пред прилепската саат кула, презентира повеќе проекти од кои бенефит ќе имаат сите граѓани.

Жално е што актуелната локална власт не направи ништо во врска со реконструкцијата на плоштади. Сведоци сме во каква состојба се најдуваат и плоштадот кон училиштето Кочо Рацин, но и тој кај Марко Цепенков. Сведоци сме колку лошо изгледаат буквално сите фонтани, паркови и пешачки зони. Целосно запуштени и не функционални!

 

Затоа, би сакал да ви ги претставам дел од нашите проекти за реконструкција на плоштади, улично осветлување, пешачки зони, паркови и фонтани:

 

– Промена на оштетените канделабри и поставување на ново улично осветлување онаму каде што нема.

 

– Изработка на проект и постепено заменување на уличното осветлување со светилки на погон на обновливи извори на енергија.

 

– Реконструкција на Старата градска чаршија. Целосна реконструкција на водоводната, одводната, електричната и кабелската мрежа која ќе биде подземна, како и целосно уредување на партерот.

 

– Реконструкција на плоштад „Александрија“ и плоштадот пред Дом на култура „Марко Цепенков“ (промена на оштетени плочки, промена на оштетени канделабри и освежување на зелени површинисо засадување на цвеќиња и ново зеленило)

 

– Реконструкција на Афмитеатарот во Варош – негово повторно ставање во функција со органиирање на бројни настани.

 

– Реконструкција на постојни фонтани – промена на оштетени светилки и оштетени прскалки и ресконструкција на постојни паркови во центарот на градот и приградските населби, како и во населените места (парк Суд, парк Варош, парк Точила, паркови во Мало и Големо Коњари).

 

– Реконструкција на уништените паркови и спортски терени и изградба на нови.

 

– Комплетна реконструкција, обновување и збогатување со нови содржини на Паркот на Револуцијата.

 

– Партерно уредување со паркови и зеленило во населба Точила околу К-згради;

 

– Поставување на автоматски системи за наводнување на парковите.

 

Ова се дел од проектите во нашата програма со кои град Прилеп повторно ќе биде прекрасно место за живеење. За Прилеп се работи! – порача Јовчески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.