Една недела по скандалозните апсења најавени на Фејсбук, Јовче Ременски се уште е на функцијата шеф на управата во МВР задолжена за борба со тероризам. И додека Внатрешната контрола во МВР молчи, Ременски ги крши законите и правилниците за работа во Министерството, пишува порталот Вечер.
Во Законот за кривична постапка јасно е наведено дека сите дејствија во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна, а нивното оддaвање е тешко прекршување на законот.

Кривичниот закон пак предвидува затворска казна за одавање на службена тајна. Законите се јасни и прецизни.

Во Законот за внатрешни работи се наведени и потешките случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски.
Како дел од потешките прекршоци се наведуваат оддавање на класифицирана информација, постапување спротивно на правилата и прописите на Министерството и злоупотреба на пречекорување на даденото овластување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.