Шефот на македонскиот антитерористички тим Јовче Ременски, сопруг на пратеничката Фросина Ременски, ги избришал сите свои коментари на „Фејсбук“, каде индирекно кажува дека од понеделник ќе се случуваат акции на полицијата односно апсења.

Сепак неговите статуси останаа регистрирани од медиумите. Веднаш по првата порака тој дава:

Да не останам недокажан, борбата продолжува и тоа на две нозе со сиот демократски капацитет на располагање со сета жестина и без пренамагање”.

 

Иако ги избриша статусите, а и медиумите објавија, Јовче Ременски не негираше дека дека ќе се случуваат апсења туку објави неколку линкови до текстови за случајот Афис од 2013 година.

Неговите информации како што објаснува во коментарите шефот на македонскиот антитерористички тим се поврзани со кривично правен настан кој бил пријавен во обвинителството, во кој е направена штета за буџетот на РМ, но дека немало суетни новинари да го проверат овој настан.

Според Основното јавно обвинителство најавата на Ременски за апсење или било какви активности во тој правец се неточни и неосновани затоа што случајот Афис е се уште во предистражна постапка и ниту МВР ниту управата каде што началник е Ременски не може да апсат луѓе ниту да преземаат процесни постапки без соодветни чекори на Обвинителството.

Ова однесување на социјалните мрежи од страна на Јовче Ременски според извори од МВР е погрешно и спротивно на протоколите на министерството за внатрешни работи, поради што против него може да биде поднесена кривична пријава, бидејки тој не смее да комнетира ниту пак да изнесува информации во јавност за предмети кои не се под негова надлежност, а најмалку да најавува апсења.

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.