Да не мешаме желба за членство во ЕУ и желба за следење на линијата на здравиот разум. Јас сум многу повеќе за членство во ЕУ од некои што денес за тоа се удираат во гради, но тоа мора да се случи на принципиелна основа, согласно европските вредности.
Целта на евроинтегративниот процес е ДА СЕ СТАНЕ ПОЛНОПРАВНА ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА ЕУ.
Целта на евроинтегративниот процес НЕ Е САМО ДА СЕ ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ.
Затоа не смеат да се прифатат неприфатливи услови само за да почнат преговорите. Процесот треба да започне чист, на принципиелна основа, согласно европските вредности, и да заврши чист.
Ако сега се прифатат неприфатливи услови само за да почнат преговори, со цел тоа да се прикаже како херојство, тогаш само ќе се одложи проблемот, ќе се префрли жешкиот костен на идните генерации да ги решаваат неприфатливите услови, со сите ризици на крајот воопшто да не станеме членка. И, притисокот веќе нема да биде врз соседот, кому денес никој во ЕУ не му ги прифаќа условувањата, туку ќе се префрли врз земјава.
Јас се согласувам дека ова е време на храбри одлуки. Само би додал. ХРАБРОСТА Е ВО ДОСТОИНСТВОТО И ПРИНЦИПИЕЛНОСТА!, напиша на социјалните мрежи Зоран Јовановски, поранешен истакнат член на СДСМ и еден од кандидатите за лидер на СДСМ на конгресот кога за претседател беше избран Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.