Александар Јовановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, иако во првиот круг имаше најмногу гласови на локалните избори, во вториот загуби од актуелниот градоначалник Фатмир Дехари, кој имаше огромна логистичка поддршка од ДУИ и изминатиот викенд се потпре на гласачи од странство кои допатуваа со автобуси и авионски летови.
Граѓаните сакаат промени, сакаат да излеземе од ова сивило, овој хаос, но има луѓе кои не се свесни во кои услови живеееме. Сакаат да придонесат за кауза која не доликува на моментот, ние бракови склопуваме, се сакаме, се поддржуваме, нема простор за етнички коалиции. Искрено, мене ми е жал што немам авиони – изјави Јовановски.
Тој на избраниот градоначалник му порача дека посакува досегашната пракса да ја претвори во работа, да не се натпреваруваме за исти теми по четири години, најавувајќи дека повторно ќе се кандидира за градоначалник на Кичево по четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.