Oд главата си патиме, вели некогашниот редводник на „За заедничка Македонија“, актерот Владо Јовановски.

Зошто да купуваме вакцини и да го имунизираме населението од ковид 19?
Бугарите ќе ни дадат.
А тоа што, после тоа 100 години ќе не потсетуваат на таа ‘татковска’ милостина не е важно, важно е тие да си го имунизираат ‘бугарското’ население, надвор од границите на ЕУ.
По таа логика, зошто да ја обработуваме Македонската земја, која и така е во најава за продажба (зборувам за земјоделското земјиште).?
Бугарите ќе ја ораат, Бугарите ќе ја сеат, Бугарите ќе ја жнеат, Бугарите ќе мелат и ќе печат…
А пак нам што ни е гајле, важно е Бугарите леб да ни дадат, па што ако ни го спомнуваат тоа и на овој и на ОНој свет!
п.с.
Македонското земјоделско земјиште ќе се продава посебно или ќе оди топтан со водите, браните, изворите и воздухот?
Не заради друго, прашувам затоа што воздухот е премногу загаден и да не изгубиме на цена заради тој еден елемент.?
‘ОД ГЛАВАТА СИ ПАТИМЕ’!, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.