Денешната пресуда во случајот „Рекет“ му донесе на Бојан Јовановски затворска казна од 9 години. Од 1 јули, пак, стартува судењето за предметот „Меѓународен сојуз“, во кој Јовановски е повторно првообвинет, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, Јасна Мандиќ, Христина Блажевска, како и пратеничката Фросина Ременски.

Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија и донесовте политичка пресуда. Се работи не за обелување на правосудниот систем туку преку мојот притвор се покажа илиус или несврзани садови или сплеткани црева.Нема да се дадам во бегство, едвај го чекам први јули, едвај чекам да отидам во јавното обвинителство овие денови да ги пријавам сите сторители на кривични дела во оваа земја, изјави во завршните зборови Јовановски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.