Бојан Јовановски во писмото до Зоран Заев говори како бил рекетиран бизнисменот Силјан Мицевски и оти за тоа поседува докази во неговиот мобилен телефон
. Вие стапувате во контакт со споменатиот Мицевски преку Александар Кирацовски и во име на партијата му барате пари за да не ги објавувате спорните снимки (па затоа објавувате само една каде зборува со Чинговски за изборен процес). Во тоа име и по ваша изнуда и уцена споменатиот Мицевски во Струмица ви ги носи и предава првите 250.000 евра во кеш, демек помош за партијата и тоа е само почеток и прва транша и кеширање од страна на Силјан Мицевски, за останатите транши вие подобро си знаете и ќе мора да одговорите! За изнесеното има повеќе сведоци, но постои и материјален доказ во мојот телефон каде лично Силјан Мицевски ми го кажува горенапишаното во мојата канцеларија во директен разговор со мене. Во продолжение на разговорот вели дека џабе ги добива тендерите од РЕК Битола кога мора повеќе да ви плати за добиените тендери, отколку што тој наплаќа од тендерот за ископи во РЕК Битола!!!
Боки тврди дека Вице Заев, откако Силјан Мицевски го добива тендерот во РЕК Битола веднаш стапува лично во контакт со него, на средба во Битола и веднаш му бара пари поради добиениот тендер во РЕК Битола.
Средствата во милионски износ вашиот брат Вице му ги бара на Силјан веднаш пред да биде исплатен добиениот тендер! Знаете за ова господине Заев, така нели?! Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари (стотици илјади евра) од страна на Силјан Мицевски кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен Сојуз. Лицето по име Кире кое ги земаше парите во кеш во два наврати возеше бело ауди со струмички таблици и беше играч на вашиот брат Вице Заев и вие одлично го познававте тоа лице!!!
Силјан Мицевски во една прилика ми вели, цитирам: “Овие се без усул, поиќе ми зедоа него што треба да наплатам”-ги цитира Боки зборовите на Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.