Тоа што сакате да ја продадете Пошта само покажува колку ви е гајле. И за Пошта, и за државата, и за луѓето, реагира на фејсбук поранешниот советник Бранимир Јовановиќ.
Да, знаеме дека работи со загуби. Знаеме и зошто. Затоа што поставувате за директори неспособни и незаинтересирани партиски кадри, кои гледаат само како да стават повише во својот џеб. Ама ако ви е гајле, ќе ја средите. Ќе направите да работи со добивка, како што работат сите други пошти во светот. Тоа и не е толку тешко, со оглед на нејзиниот имот и нејзината доминантна позиција на пазарот. Треба само да се сака. Ама не, не се сака. Не се сака сите изминати 30 години. И после зошто државата пропаѓала и зошто луѓето се иселувале…, порача Јовановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.