Шарената револуција ја изеде можноста за нова револуција, за промена на општеството, вели Бранимир Јовановиќ од Институт за меѓународни економски студии во Виена.
Во иднина ќе биде тешко нешто такво да се случи. Ни следуваат црни денови. Пред пола година имаше дебата за шарената револуција, ова сега што се случува се гледаше години наназад. За жал ќе следуваат неколку мрачни години. СДСМ не го исполнија ветуваното. СДСМ дојде на власт со ветување „правда за сите“, а Груевски им избега неколку дена пред да оди во затвор. Донесоа Закон за амнестија само да си истуркаат нивни работи. СДСМ не ги исполни ветувањата, не ни проба да ги исполни, рече поранешниот советник во владата на СДСМ во „Студио 10“ на ТВ24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.