Кандидатот за советник во Советот на општина Куманово Александар Јовановиќ, денеска одржа прес-конференција на која ги најави проектите кои ќе бидат реализирани по победата граѓанската иницијатива на локалните избори во Куманово.

Образованието е една од најважните алки во општеството, кое ни отвора можности и потенцијали за развој и промена. Во изминатите 4 годиниреализиравме над 160 проекти и активности кои се однесуваат на подобрување на условите во општинските училишта. Како граѓанска иницијатива „За наше Куманово“ во следниот мандат имаме сериозен план созначајни проекти кои ќе придонесат за подобрување на условите за образование во училиштата. Ќе продолжиме со гасификацијата и со вложување во енергетската ефикасност на општинските училишта. Ќе ги прошириме капацитетите на основните училишта: ООУ „Наим Фрашери”, ООУБајрам Шабани” и ООУ „Кочо Рацин”. Ќе изградиме нов средношколскицентар за учениците од паралелките во СОУ Гимназија “Сами Фрашери” и паралелките од ОСТУ “Наце Буѓони”. Ќе го реконструираме подрачното училиште ООУ „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња и ќе изградиме нов спортски терен. Реконструирани ќе бидат училишните фасади во ООУ “Толи Зордумис“, во централниот објект на ООУ “11 Октомври“, во ООУ “ХристијанКарпош, и во ООУ „Вук Караџиќ“, рече Јовановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.