Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, демантира дека имал контакт со еден од вработените во ПЗУ Ортомедика кој е позитивен на коронавирус.
Како прв човек на градот, чувствувам потреба и обврска да се обратам до вас, граѓаните на општина Прилеп, по однос на дезинформациите кои вчера и денеска кружат на социјалните мрежи, за наводен мој контакт со било кој од вработените во ПЗУ Ортомедика во последните петнаесетина дена, каде за жал на еден член на медицинскиот персонал му е констатиран позитивен наод од коронавирусот. Со најголема индигнација ги отфрлам ваквите дезинформации“, рече тој.
Јованоски кажа дека веднаш после потврдувањето на случајот, согласно препораките на надлежните служби, амбулантата е привремено затворена, а останатите членови од медицинскиот персонал се наоѓаат во самоизолација.
Јованоски апелира граѓаните да се информираат исклучиво од претставници на официјалните институции.
Да не ги стигматизираме заразените со коронавирусот, како и сите оние кои се наоѓаат во самоизолација. Да им дадеме поддршка во справувањето со оваа болест, затоа што тоа на секого може да му се случи“, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.