Професорот Зоран Јошевски од Битолскиот технички факултет, вештак за сообраќајни несреќи, во емисијата „24 анализа“ истакна дека оваа трагедија не треба да се гледа само како сообраќајна несреќа. Според него многу е несериозно бројот на патници во автобусот и другите автобуси да го утврдуваме третиот ден од несреќата, врз основа на исказ на некој патник.

Зарем три дена им треба на истражните органи да утврдат колку патници биле во автобусот, да обезбедат листинг на патници од компанијата која го организирала овој превоз, за да трет ден по катастрофата да не може да кажаат колку патници имало во автобусот. Малку си поигруваме со судбината и јавноста. Третиот ден дознаваме дека 44 лица загинале и тоа од истражен орган од Бугарија. Нашето обвинителство собра биолошки траги за идентификација, но што ќе се случи ако некој патник кој не е државјанин на Македонија, бил во автобусот? Не знаеме дали бил во автобусот и што се случило со него, вели Јошевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.