Во Штип ќе воведеме електронски систем за управување и следење на своите документи од страна на граѓаните, вели Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Штип.

Потребно е да се адаптираме на потребите, но и да ги искористиме можностите на новото време.

Потребно е да бидеме слуги и сервис на граѓаните. Се обврзуваме да воведеме дигитализација, за поефикасно функционирање на општината. До 2024 година, Штип ќе прерасне во ИТ општина, достапна за сите граѓани, со цел обезбедување на ефикасни и квалитетни јавни услуги.

Ќе воведеме електронски систем за управување и следење на документи од страна на граѓаните, со кој, секој може да го следи документот испратен во општинската архива и секој ќе има увид за својот документ, до која фаза и кај кој вработен се наоѓа.

Предвидуваме, електронско поврзување на сите јавни институции, со цел издавање на документи од истиот и дистрибуција до странките во предвидените законски рокови, вели Јорданов.

Јорданов смета дека мотивацијата и визијата, се добра основа за со работа, а со посветеност тој е убеден дека ќе Штип ќе биде број еден општина во Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.