ВМРО-ДПМНЕ води непосредна кампања, а во вакви услови на корона криза нема никакви услови за избори, рече Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.
Кога луѓето се во паника, кога се исплашени за здравјето, кога остануваат без работа секој ден, ние треба да зборуваме за едно техничко прашање, за еден технички осум месечен мандат на кандидат за градоначалник – рече Јорданов.
Пратеникот Јорданов кажа дека Болницата во Штип додека наликува на хорор филм се склучуваат чудни договори меѓу Болницата и фирми кои се на семејството на Бочварски, укажувајќи дека тука има корупција, и други казнени дела.
Додека болницата наликува на сцена од хорор филм и знаете во корона криза има и корона профитери, се набуваат болнички оброци или склучен е договор во висина од 16.610.968,00 денари меѓу фирмата Бравиа и Клиничката болница Штип. Што е проблемот тука, солена или блага кифла од 150 грама во овој договор е платена 35 денари, а пазарната цена е 15 денари. Ова е злопупотреба на службена положба, ова е казнено дело – рече Јорданов.
Пратеникот Јорданов укажа дека тука има корупција, бидејќи во ова, како и во многу други тендери и договори, е вклучено семејството на поранешниот градоначалник, сега министер Благој Бочварски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.