Поднесовме амандмани со кои бараме од Владата да го реализира она што го ветила пред граѓаните во неколку изборни циклуси. Затоа што најчесто предложените амандмани се однесуваат на ветени а не реализирани капотални проекти со кои што предвидуваме дека полесно ќе се справи оваа Влада со пандемијава и со економската криза, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов.

Тој во вчерашната емисија „Економски магазин“ на Алсат телевизија, на која се дебатираше за ребабалност на Буџет кој што веќе е во собраниска процедура истакна дека прекројувањето на државна каса е задоцнето и не добро испланирано, затоа тие како партија поднесоа амандмани, кои ако беа прифатени ќе придонеја за раздвижување на економската активност на компаниите која што ќе доведеше и до зачувување на работни места. А од она што го имаме до сега, вели дој, може да констатираме дека власта не се справува добро со кризата затоа што имаме голем пораст на невработените лица во Македонија.

Неопходно е директни капитални инвестиции кои што директно ќе влијаат на раздвижување на економската активност. Најголем дек од предложените амандмани се однесуваат токму на вакви капитални проекти, ширум цела Македонија за да ја раздвижат токму економската активност на компаниите. Во таа насока, од она што го имама како навигација, досега најповеќе од поднесените амандмани се одбиени од страна на власта, што сама по себе кажува дека власта не сака да ја консултира опозицијата и најлесно е да обвинува дека ние го колиме или блокираме носењето на ребалансот, што не е случај, истакна Јорданов.

Тој појаснува дека иако власта не ги комуницира, тие нема да го доведат во прашање интересот на граѓаните, додадавајќи дека имаа поднесено амандмани за зголемување на здравствените капацитети и за обезбедување на 40 илјади компјутери за децата кои немаат за да следат онлајн настава, но власта не беше доблесна да ги прифати.

Ќе дадеме поддршка, но исто така бараме да бидеме искомуницирани како опозиција и предлозите кои што се добронамерни, еве ќе дадам пример со еден од предложените амандмани, бараме да се даде поддршка за зголемување на здравствените капацитети, да се даде поддршка за обезбедување компјирет за 40 илјади деца кои што треба да ја следат онлајн наставата. И ова се предлози кои што неопходни за полесно справување со пандемијата, рече Јорданов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.