Населбите Балканска, Македонка, Железничка, Дузлак, Баби, Чардаклија, Три Чешми, ќе добијат јавен превоз! Ова е сериозна потреба на жителите од овие оддалечени населби, истакна Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на Општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ.
-Учениците, пензионерите, како и сите жители кои имаат потреба, после долги години, ќе добијат можност за јавен, градски превоз, со кој ќе ги намалиме трошоците на моите сограѓани.
Наша задача ќе биде да ги субвенционираме економските оператори и да обезбедиме достоинствена и прифатлива цена за овој вид транспорт.
Граѓаните го побараа тоа, ние ќе им го овозможиме.
Од сега па натаму, така ќе изгледа нашата работа во Општина Штип. Ќе бидеме отворени кон предизвиците и со голем ентузијазам, во дослух со граѓаните, ќе ги решаваме проблемите.
Потребите и приоритетите на граѓаните се основна водилка на НОВАТА ИДНИНА ЗА ШТИП, додава Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.