Во дебата на радио канал 77 во која учествуваа кандидатите за градоначалник на Штип, Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ директно му посочи на Сашко Николов од СДСМ, дека во градот едни исти багери се преместуваат од една локација на друга и се раскопуваат улици само со цел да се создаде привид дека нешто се работи пред избори.

Како што истакна Јорданов, со таквите постапки, само се отежнува секојдневното функционирање на граѓаните.

На таквите зборови на Јорданов, актуелниот градоначланик можеше да одговори само со нејасни и конфузни изговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.